Водата е главен составен дел на живата материја и претставува фактор кој го
условува постоењето за животот. Со проучувањето на историјата на старите
цивилизации, лесно можеме да увидиме во фактот дека нивниот развој се базирал
предс е на водните прилики во пределите каде што живееле.
Условите поврзани со водата, од какви било причини станувале неповолни или
потполно исчезнувале,општествениот развој на тие цивилизации со многу брзо
темпо се намалувал и на крај пропаѓал.Како резултат на тоа,огромни поврчина
станале непродуктивни,односно се претвориле во пустински или полупустински
ненаселени области. Сето тоа зборува дека животот на човекот, неговиот опстанок
и стопански развој е во нераскинлива врска со вадата.
Непроценливото и огромното значење на водата за постоењето на животот на
Земјата,може да се согледа од повеќе аспекти и тоа:
Ø -Од биолошки аспект-водата е хранлива
материја и конститутивен дел на животинските и растителни организми вклучувајќи
го и човекот.
Ø -Од хигиенски аспект-водата претставува
основна компонента за одржување на хигиената во домакинствата и воопшто за
чистотата на урбаните средини.
Ø -Од здравствен аспект- може да служи како
лековита вода,служи за ракреација (капење,водни спортови).
Ø -Од производствен аспект-водата служи
како значајна суровинска материја во производството на голем број производи,во
процесите на ладењето и чостењето на индустриските технологии.
Ø -Од аспект на транспортот-претставува
значаен медиум на бројно сообракајни видови (речни, езерски,морски).
Во современите услови на урбанизиран
начин на живеење,висок степен на индустријализацијата,современото земјоделско
стопанисување и демографската експанзија,се користат се поголеми количества
вода понекогаш и недомаќински а по употребата како отпадна и загадена без
претходно прочистување се испушта во реките,езерата и морињата.
Имајки го во предвид значењето на
водата за егзистанцијата на животот во целина,од човекот се бара голема
одговорност при ракувањето со неа. Секогаш и во секое време треба да ни биде
пред себе мудрата монголска поговорка:”Човекот не умее
да ја цени доволно водата се додека не пресуши изворот”.
Потреби од вода
Со порастот на урбаниот и индустриски развој, земјоделското
производство,порастот на населението и современиот начин на живеење, се
зголемуваат и потребите на користење поголеми количества вода. Порастот на
стандардот на човекот посакува поголема потрошувачка на вода (туширање,
користење на машини за перење, миење на автомобили и др.). потрошената вода по
жител е добар показател за животниот стандард на човекот. Ако се земат предвид
вкупните потреби од вода (индустрија,навуднување на зелени површини-тревници,
миење на автомобили, улици и др.) не земајки ги предвид системита за
наводнување, се проценува дека во светски размери просечно по жител било
потребно околу 5000 литри вода.
Според статистички податоци од Републичкоит завод за статистика, Р.
Македонија во 1990г. Бројот на жителите на градското население изнесували
1.279.900, а на селскоте 915.400. Земајки ги предвид сите фактори кои влијаат
на потрошувачката на вода на населението,врз база на усвоените норми кои за
поголемите градски населби изнесуваат 350 l/жител/ден, 300 l/жител/ден за помалите градски населби, 250 l/жител/ден,
за селските населби и 600 l/жител/ден за туристички населби (туризам), за 1990
година вкупните потрби изнесувале 250.888.976m³-год., а разните
потреби на индустриското стопанство 270.134.297m³ годишно.
No comments:
Post a Comment