Мерките и методите за заштита на квалитетот на површинските и подземните
води ќе бидат најуспешни кога ке се користат интегрално, почнувајки од самата
изградба на системите за стопанисување со водата и нивното поврзување во помали
или поголеми системи. Од битно значење е регулацијата на протечните
води,начините на уредување на речните корита и нивните крајбрежја, регулирање
на ерозивните поројни дождови итн. Тука би спаѓале и мерките во врска со
усогласувањето меѓу резервите на вода кои и стојат на располагање на
потрошувачката. Тоа може да се достигне со воведување на технологии кои се
карактеризираат со помала потрошувачка на вода, зголемување на количината на
водата која се рециклира во производствените процеси за исти или други намени.
Значајна техничка мерка е аголемувањето на едикасноста на уредите за
прочистување, со што би се зголемиле можностите за повторно искористување на
истат вода. Успехот во заштита на водите може да биде постигнат само со јака
дисциплина, одговорност во прочистувањето на законските регулативи од сите
субјекти кои ја користат водата. Мора да се изработат регионални планови за
користење и кондиционирање на водата, општински ѕрбани планови за идниот развој
во кои ќе се води сметка за користењето на водата во согласност со потребите и
можностите, планови за користење на водата во одделни стопански организации во
кои ќе бидат вградени регулативи за количините, квалитетот и начините на
користената вода, степенот на загаденост на водата по нејзиното искористување,
методите за прочистувањето, квалитетот на прочистената вода и др.
Имајќи ја предвид сложеноста во меѓусебната поврзаност на водата, човекот,
стопанството и природната средина, од големо значење е и унапредувањето на
нучните истрежувања од оваа област. Покрај развивањето на техничките,
биолишките и равните истражувања, неопходно е и развивање на хидроекономските
истражувања со ко може да се решат доста практични проблеми во врска со
квалитативното и квантитативното стопанисување со постојните резерви на вода.
No comments:
Post a Comment