Monday, December 22, 2014

Хемиски показатели

Хемиските показатели даваат најдобри сознанија за квалитетот на природните води. Од хемиските параметри во практиката најмногу се користат следните:
1.    -Количина на растворен кислород-Одредувањето на количината на растворениот кислород во водата е многу важно бидејки од тоа зависи одржувањето на биолошката рамнотежа во водотеците и водните акомулации. Голема количина на растворен кислород во водата претставува основен критериум за чистотата на водата.
2.    -Биохемиска потрошувачка на кислород-Претставува количината на кислород која микроорганизмите ја трошат за разградувањето на органските материи кои се наогаат во водата за определено време.
3.    -Хемиска потрошувачка на кислород- Хемиската потрошувачка на кислород служи како хемиски параметар во проценувањето на квалитетот на водата кој се одредува преку потрошувачката од КМnO.
4.    -Киселост и базичност на водатаH)-е показател на концентрацијата на водородните јони. Во практиката концентрацијата на водородните јони обично се изразува преку рH вредност. Ако рH вредноста на некој раствор е помала од 7 растворот е кисел, а ако е поголема растворот е базичен.
5.    -Тврдина на водата-Таканаречената тврдост на природните води е условена од содржината на присутните јони на калциумот и магнезиумот кои во вадата доаѓаат како резултат на растварањето на карбонатите.
6.    -Материи кои содржат азот- во водата доаѓаат со разградувањето на белковинските материи.Присуството на амонијак во вода секогас упатува кон заклучок за загадување кое може да има заразни способности.Аминиумивиот јон во водата,во присуство на нитрификациски бактерии во почетокот се претвараат во нитрити,а подоцна и во нитрати.Од времето потребно за преобразување од една во друга форма,може да се извлече проценка за одалеченоста на изворот  од кој потекнува загадената вода.
7.    -Хлориди и сулфати –Присуството на хлориди исулфати над одредена концентрација,водата ја прават поагресивна,која може да има разорнувачко дејство на бетонските конструкции.
8.    -Железо и манган-Железото во водата дфоага од почвените супстрати кои содржат железо.При контакт со воздух соединенијата на железото оксидиираат и формираат нерастворлив кафеав талог.
9.    -Разновидни други соединенија,отровни и радиоактивни материи-тука може да се наведат хемиски соединенија кои би можеле во природните да дојдат со индустриските отпадни води.


No comments:

Post a Comment