Monday, December 22, 2014

Физички показатели


Во проценувањето на квалитетот на водата значајна улога имаат следните физички показатели:
a)    -Температура-температурата на природните води зависи од местото на нивното постоење,факторите на околината и метеоролошките услови.
b)    -Мирис и вкус-Мирисот и вкусот на природните води се определува непосредно органолептички. До појава на мирисот и вкусот на природните води важна улога играат и разновидни микроорганизми или посебни индустриски загадувачи како на пример фенолите. Водата може да биде без мирис или може да има мирис на земја, ароматичен или мирис на трулеж. Интензитетот на мирисот може дасе означи како јак, слаб и незабележлив.
c)    -Боја-Чистат природна вода е безбојана. Различните соединенија халоидните честички,алгите,акватичните растенија и друго на водата и даваат жолтеникава, зелена или пак друга нијанса на обојување.

d)    -Проѕирност-Чистата природна вода ги пропушта сончевите зраци. Заматеноста ја предизвикуваат неоргански колоидни материи кои лебдат во водата. Заматеноста на речните води е резултат на изметните наноси со атмосферските дождови.

No comments:

Post a Comment