Monday, December 22, 2014

Квалитетот на водите и показателите што го одредуваат квалитетот

Квалитетот на водата што го одредуваат физичките,хемиските,биолошките и радиолошките фактори. Водата е одличен растворувач така што и природно чистите води се богати со раствирени материи. Апсолутно чиста вода може да се добие само по ваштачки пат со дестилација, додека во природата не може да се најде. Дури и ви дождовната вода која е доста блиска до дестилираната вода се наоѓаат растворени материи кои водата ги прима од атмосферата. Дождовната вода која паѓа на почвата стапувајки во контакт со почвените честички и понатаму се збогатува со растворливи материи. Површинските води (реките, езерата) во помала или поголема мера содржат диспергирани органски честички како и неоргански честички како што се честичките од глина,тиња,песок и др.


Составните делови на водата кои имаат природно потекло не се сметаат за загадувачи,така што природно чистите води без некакво посебно третирање или со мало третирање, за какви било цели можат да бидат употребливи. Постојат и природно чисти води кои се користат само за специјални цели. Тие обично се наоѓаат во подлабоките почвени слоеви како на пример термалните води, разновидните лековити води и др.

No comments:

Post a Comment