Monday, December 22, 2014

Значењето на водата за животот

Водата е главен составен дел на живата материја и претставува фактор кој го условува постоењето за животот. Со проучувањето на историјата на старите цивилизации, лесно можеме да увидиме во фактот дека нивниот развој се базирал предс е на водните прилики во пределите каде што живееле.

Условите поврзани со водата, од какви било причини станувале неповолни или потполно исчезнувале,општествениот развој на тие цивилизации со многу брзо темпо се намалувал и на крај пропаѓал.Како резултат на тоа,огромни поврчина станале непродуктивни,односно се претвориле во пустински или полупустински ненаселени области. Сето тоа зборува дека животот на човекот, неговиот опстанок и стопански развој е во нераскинлива врска со вадата.
Непроценливото и огромното значење на водата за постоењето на животот на Земјата,може да се согледа од повеќе аспекти и тоа:
Ø  -Од биолошки аспект-водата е хранлива материја и конститутивен дел на животинските и растителни организми вклучувајќи го и човекот.
Ø  -Од хигиенски аспект-водата претставува основна компонента за одржување на хигиената во домакинствата и воопшто за чистотата на урбаните средини.
Ø  -Од здравствен аспект- може да служи како лековита вода,служи за ракреација (капење,водни спортови).
Ø  -Од производствен аспект-водата служи како значајна суровинска материја во производството на голем број производи,во процесите на ладењето и чостењето на индустриските технологии.
Ø  -Од аспект на транспортот-претставува значаен медиум на бројно сообракајни видови (речни, езерски,морски).
Во современите услови на урбанизиран начин на живеење,висок степен на индустријализацијата,современото земјоделско стопанисување и демографската експанзија,се користат се поголеми количества вода понекогаш и недомаќински а по употребата како отпадна и загадена без претходно прочистување се испушта во реките,езерата и морињата.
Имајки го во предвид значењето на водата за егзистанцијата на животот во целина,од човекот се бара голема одговорност при ракувањето со неа. Секогаш и во секое време треба да ни биде пред себе мудрата монголска поговорка:Човекот не умее да ја цени доволно водата се додека не пресуши изворот”.


Потреби од вода

Со порастот на урбаниот и индустриски развој, земјоделското производство,порастот на населението и современиот начин на живеење, се зголемуваат и потребите на користење поголеми количества вода. Порастот на стандардот на човекот посакува поголема потрошувачка на вода (туширање, користење на машини за перење, миење на автомобили и др.). потрошената вода по жител е добар показател за животниот стандард на човекот. Ако се земат предвид вкупните потреби од вода (индустрија,навуднување на зелени површини-тревници, миење на автомобили, улици и др.) не земајки ги предвид системита за наводнување, се проценува дека во светски размери просечно по жител било потребно околу 5000 литри вода.


Според статистички податоци од Републичкоит завод за статистика, Р. Македонија во 1990г. Бројот на жителите на градското население изнесували 1.279.900, а на селскоте 915.400. Земајки ги предвид сите фактори кои влијаат на потрошувачката на вода на населението,врз база на усвоените норми кои за поголемите градски населби изнесуваат 350 l/жител/ден, 300 l/жител/ден за помалите градски населби, 250 l/жител/ден, за селските населби и 600 l/жител/ден за туристички населби (туризам), за 1990 година вкупните потрби изнесувале 250.888.976m³-год., а разните потреби на индустриското стопанство 270.134.297m³ годишно. 

Квалитетот на водите и показателите што го одредуваат квалитетот

Квалитетот на водата што го одредуваат физичките,хемиските,биолошките и радиолошките фактори. Водата е одличен растворувач така што и природно чистите води се богати со раствирени материи. Апсолутно чиста вода може да се добие само по ваштачки пат со дестилација, додека во природата не може да се најде. Дури и ви дождовната вода која е доста блиска до дестилираната вода се наоѓаат растворени материи кои водата ги прима од атмосферата. Дождовната вода која паѓа на почвата стапувајки во контакт со почвените честички и понатаму се збогатува со растворливи материи. Површинските води (реките, езерата) во помала или поголема мера содржат диспергирани органски честички како и неоргански честички како што се честичките од глина,тиња,песок и др.


Составните делови на водата кои имаат природно потекло не се сметаат за загадувачи,така што природно чистите води без некакво посебно третирање или со мало третирање, за какви било цели можат да бидат употребливи. Постојат и природно чисти води кои се користат само за специјални цели. Тие обично се наоѓаат во подлабоките почвени слоеви како на пример термалните води, разновидните лековити води и др.

Физички показатели


Во проценувањето на квалитетот на водата значајна улога имаат следните физички показатели:
a)    -Температура-температурата на природните води зависи од местото на нивното постоење,факторите на околината и метеоролошките услови.
b)    -Мирис и вкус-Мирисот и вкусот на природните води се определува непосредно органолептички. До појава на мирисот и вкусот на природните води важна улога играат и разновидни микроорганизми или посебни индустриски загадувачи како на пример фенолите. Водата може да биде без мирис или може да има мирис на земја, ароматичен или мирис на трулеж. Интензитетот на мирисот може дасе означи како јак, слаб и незабележлив.
c)    -Боја-Чистат природна вода е безбојана. Различните соединенија халоидните честички,алгите,акватичните растенија и друго на водата и даваат жолтеникава, зелена или пак друга нијанса на обојување.

d)    -Проѕирност-Чистата природна вода ги пропушта сончевите зраци. Заматеноста ја предизвикуваат неоргански колоидни материи кои лебдат во водата. Заматеноста на речните води е резултат на изметните наноси со атмосферските дождови.

Хемиски показатели

Хемиските показатели даваат најдобри сознанија за квалитетот на природните води. Од хемиските параметри во практиката најмногу се користат следните:
1.    -Количина на растворен кислород-Одредувањето на количината на растворениот кислород во водата е многу важно бидејки од тоа зависи одржувањето на биолошката рамнотежа во водотеците и водните акомулации. Голема количина на растворен кислород во водата претставува основен критериум за чистотата на водата.
2.    -Биохемиска потрошувачка на кислород-Претставува количината на кислород која микроорганизмите ја трошат за разградувањето на органските материи кои се наогаат во водата за определено време.
3.    -Хемиска потрошувачка на кислород- Хемиската потрошувачка на кислород служи како хемиски параметар во проценувањето на квалитетот на водата кој се одредува преку потрошувачката од КМnO.
4.    -Киселост и базичност на водатаH)-е показател на концентрацијата на водородните јони. Во практиката концентрацијата на водородните јони обично се изразува преку рH вредност. Ако рH вредноста на некој раствор е помала од 7 растворот е кисел, а ако е поголема растворот е базичен.
5.    -Тврдина на водата-Таканаречената тврдост на природните води е условена од содржината на присутните јони на калциумот и магнезиумот кои во вадата доаѓаат како резултат на растварањето на карбонатите.
6.    -Материи кои содржат азот- во водата доаѓаат со разградувањето на белковинските материи.Присуството на амонијак во вода секогас упатува кон заклучок за загадување кое може да има заразни способности.Аминиумивиот јон во водата,во присуство на нитрификациски бактерии во почетокот се претвараат во нитрити,а подоцна и во нитрати.Од времето потребно за преобразување од една во друга форма,може да се извлече проценка за одалеченоста на изворот  од кој потекнува загадената вода.
7.    -Хлориди и сулфати –Присуството на хлориди исулфати над одредена концентрација,водата ја прават поагресивна,која може да има разорнувачко дејство на бетонските конструкции.
8.    -Железо и манган-Железото во водата дфоага од почвените супстрати кои содржат железо.При контакт со воздух соединенијата на железото оксидиираат и формираат нерастворлив кафеав талог.
9.    -Разновидни други соединенија,отровни и радиоактивни материи-тука може да се наведат хемиски соединенија кои би можеле во природните да дојдат со индустриските отпадни води.


Биолошки показатели



Голем број на животински и растителни видови во водата наоѓаат оптимални услови за живот.Формирањето на животот во водата и преодбразбата е подредена на надворешните и многу кратното меѓусебно дејство на поголем број на квалитативни фактори на водата како што се : светлосните услови,температурните услови,климата,растворливите соли,содржината на кислородот,содржината на органските материи.Живите организми,во прв ред ,основна и значајна улога имаат во одржувањето на шистота на водата односно ја оредуваат аутопурификационата способност на  водите.

Микробиолошки показатели

Од микроорганизмите,кои ги изучува микробиологијата,поголемиот дел припаѓаат во едноклеточните бактерии,натаму тука се вбројуваат и некои квасни и други габи,поедини алги како и протозите . Врз основа на нивната активност,микроорганиамите се поделени во две групи,на патогени микроорганизмикои во живиот организам предизвикуваат заболувања и на сапрофити чија исхрана е поврзана со неживи органски или неоргански материи. Врз основа на користењето на кислородот се разликуваат аеробни организми за чие дишење е потребен молекуларен кислород и анаеробни организми кои разградуваат бројни соединенија без да користат молекуларен кислород и без да издвојуваат енергија.

Врз основа на висината на вредностите на наведените показатели и промените кои можат да настанат, се проценува квалитетот на водата, а тоа е уредено со посебни закони и уредби на секоја држава.

Природно загадување на водите

Од природните извори на загадување на водите на прво место доагаат ерозивните процеси. Ерозијата било да станува збор за ерозија од вода или ветер,покрај тоа што ја оштетува педосферата,со своите наноси ги загадува и водите особено површинските внесувајки во нив поголема количина на минерали и органски материи змиени од педосферата кои понекогаш можат да бидат и доста токсични, а од друга страна кога се работи за поројни дождови водата во голема мерка се заматува.